Тони Гарн, германски модел кој своевремено беше во врска со најпознатиот холивудски ерген Лео ди Каприо, беше сензација на отворањето на филмскиот фестивал во Венеција.
На црвениот тепих на Мостра таа го украде центарот на вниманието во генијален фустан без прерамки кој ја истакна беспрекорната фигура на 31-годишната убавица.
Станува збор за нетипична креација на модната куќа Алберта Ферети, позната по своите лелеави фустани, но овој пат се работеше за нешто сосема друго. Драматичниот сребрен фустан Тони го подигна со „statement“ ѓердан, додека шминката и фризурата беа ненаметливи, создавајќи таков гламурозен стајлинг каков што беше создаден за 80-тото издание на филмскиот фестивал, каде годинава немаше актерски ѕвезди поради големиот штрајк во Холивуд.