СТАНДАРД life
Стил

Славна стилистка открива кои четири „must have“ комбинации никогаш нема да излезат од мода

Британката Авигејл Колинс зад себе има многу богато модно искуство. Таа работеше како стилист десет години, а нејзините комбинации ги носеа некои од најголемите модни икони на денешницата, како Ријана или Ким Кардашијан.

Во секој случај, Авигејл го држи прстот на пулсот на модата, а според неа, постојат неколку безвременски стилови со кои едноставно не можете да погрешите.

Колинс е позната во модните кругови по тоа што ужива во стилските експерименти, а многу познати „инфлуенсерки“ редовно ја ангажираат доколку сакаат нов, возбудлив изглед за некоја посебна пригода.

Авигејл е таа која дизајнирала генијални облеки за музичарката Лорди и „ит девојката“ Дејзи Лоу, но нејзината креативност се проширува понатаму – вклучувајќи ја и нејзината линија инспирирана од уличната мода, „Silver Spoon Attire“.

Таа го основа овој бренд во 2013 година заедно со нејзиниот сопруг (и колега баран стилист) Демијан Колинс, а нивната облека ја обожаваат членовите на шоубизот, особено музичарите.

Затоа, Авигејл му кажа на „Who What Wear“ кои комбинации се тука да останат.

„Јас сум стилист повеќе од 10 години, и додека сум видела безброј трендови кои доаѓаат и си одат, има неколку сигурни облеки кои никогаш не изгледаат застарени. Дефинитивно има модификации што можеме да ги донесеме на новата, но во основа, никој никогаш не изгледа лошо во овие комбинации. Затоа, следниот пат кога ќе бидете заглавени со инспирацијата, само свртете се кон една од овие класични комбинации…“, објасни таа.

Еве ги вечните модни комбинации:

Фармерки + бела маичка

„Кога бев на колеџ, мојот цимер кој секогаш имаше стил ме научи дека сè додека секогаш имаш добра бела маичка и совршено исечени фармерки во плакарот или куферот, не можеш да погрешиш. Навистина е најдобра комбинација. Во зависност од тоа што сте испланирале тој ден, комбинацијата на маичка и фармерки може да биде главниот дел од вашиот аутфит. Можете лесно да го облечете со потпетици и слоеви од тенки златни ланчиња. Со кожна јакна во стилот на 90-тите, ќе го добиете оној ноншалантен изглед како Бела Хадид. Оваа комбинација можете да ја носите и со патики или „Chelsea“ чизми и сепак да изгледате тотално кул“.

Совет: Белата маичка со кратки ракави во „оversize“ стил ставете ја во фармерките со висок струк со ремен.

Фустан + кожни чизми

„Фустанот и чизмите се навистина погодни за секоја возраст. Без разлика дали се чувствувате сигурни во пократок или подолг фустан, софистициран „миди“ фустан со елегантни чизми до колена, не можете да погрешите со оваа комбинација. Можете исто така да носите фустани и чизми преку целата година. Ќе се изненадите колку добро може да изгледа летен фустан со дебели чорапи, чизми и горен дел со долги ракави одоздола. Не плашете се да го извадите омилениот фустан без разлика на временските услови – само размислете како можете да го комбинирате за таа пригода. Искрено, повеќето парчиња во вашиот гардеробер ќе функционираат во секоја сезона, се додека ги насочите за да одговараат на временските услови“, рече Авигејл.

Женски костум

„Без разлика на приликата, за секого има одело што најмногу му одговара. Мене лично ми се допаѓаат широки панталони со висок струк и предимензионирано сако со нагласени раменици, бидејќи оваа комбинација, на пример, најмногу одговара на мојата облина фигура. Сакам да носам сако со фармерки или патики, а сакото го користам и како слој под „пуфери“ или предимензиониран волнен капут. На пример, панталоните ми се главно ако ми треба нешто поделовно, па ќе ги носам со различни кошули и сакоа. Без оглед на тоа што е во мода, доброто одело е секогаш спасоносно. Во моментов многу ми се допаѓаат костуми „statement“ во забавни бои и во тон со моите додатоци“, објасни стилистката.

Џемпер + слип здолниште

„Слип здолништето се врати во изминатите неколку години и повеќе не е резервирано за вечерен стајлинг. Сите мои омилени изгледи со ова здолниште вклучуваат уште еден елемент кој е важен дел од секоја гардероба: пријатен џемпер. Сè што треба да направите е да фрлите се на вашето најудобно плетено нешто и ќе имате стилска комбинација која е исклучително удобна за носење. Сфатив дека оваа комбинација е особено корисна во преодните месеци, кога сакам да бидам без капут, но не сосема подготвена за излегување на студ. Што се однесува до обувките, изборот е ваш. Со оваа комбинација совршено се комбинираат патиките, штиклите и чизмите“, заклучува таа.

Поврзани вести

(ФОТО)Модниот настан на Vogue во Лондон привлече армија познати личности

Urednik

Нина Бадриќ има неодолив летен фустан кој освојува со својот шик дизајн и удобност

Urednik

Ниту француската модна икона не излегува без удобните чевли кои ќе бидат хит оваа есен

Urednik