22.8 C
Скопје
15 септември, 2026
СТАНДАРД life
Стил

📷Ријана повторно е русокоса, а ново-стариот имиџ се издвојува со најпосакуваните капути

Од почетокот на октомври, кога го украде вниманието во Њујорк во својот стајлинг со предимензиониран сив капут и црвената клач чанта на Ботега, популарната Ријана негува изглед во знакот на медено русокосата боја на косата.

Викендов при пристигнувањето во нејзиниот омилен ресторан Џорџо Балди на Беверли Хилс го истакна ново-стариот имиџ со црни парчиња од глава до пети.

Ријана
Ријана

Комбинацијата од тесни хеланки и долчевита ја направи целосно гламурозна носејќи долг кожен капут со крзнена јака, додека нејзиниот избор на обувки беше модел на црни сандали со сребрено ременче.

Кожните палта со карактеристики на капутот доминираат и оваа студена сезона на модната сцена, благодарение на брендовите како францускиот Сен Лоран, но без разлика на актуелните трендови, тоа е модел кој може да се пофали со титулата моден класик.

Поврзани вести

📷📹Хејли Бибер го оживеа хит маникирот со најбараниот летен дезен

Urednik

Мишел Обама покажа дека тексас фустанот е ласкав избор без разлика на возраста

Urednik

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

Urednik