iPhone 5 е еден од најпознатите паметни телефони на компанијата, кој премиерно беше прикажан пред седум години. Покрај тоа, има голем број верзии што работат во целиот свет. Ако поседувате iPhone 5, треба да побрзате да го инсталирате најновиот достапен ажуриран софтвер. Се работи за iOS 10.3.4 ажурирање што сега го дистрибуира Apple до компатибилни уреди. Според официјалните податоци на компанијата, ова треба да се случи пред 3 ноември.
Корисниците кои немаат инсталирано iOS 10.3.4 на своите паметни телефони пред овој датум, се соочуваат со непријатна ситуација да немаат пристап до Интернет. Во пракса, ова значи дека нема да можете целосно да го користите iPhone 5. Ова е фактор што го прави ажурирањето на iOS 10.3.4 задолжително за да можете да ја користите целата функционалност на вашиот уред. Сите популарни услуги, како што се App Store, iCloud, прелистувачот Safari или апликацијата за е-пошта нема да бидат достапни без iOS 10.3.4.
Добро е да знаете дека по 3 ноември, нема да можете да инсталирате iOS 10.3.4 на традиционален начин со т.н. „Over-The-Air“ (OTA) ажурирање. Единствената опција е да направите резервни копии на информациите во iPhone 5 и да се обидете да ги ажурирате од вашиот компјутер, пишува PhoneArena. Ве потсетуваме дека Apple престана да го развива iOS 10 пред две години по премиерата на iOS 11.