СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Аеродром во Рим прв воведе паметни кациги против ширење на коронавирус (ВИДЕО)

Римскиот аеродром Фјумичино е првиот во Европа што воведе „паметни кациги“ за мерење на температурата за да спречи ширење на коронавирусот.

Ова се преносни мерачи на температура или термоскенери во облик на кацига што им овозможуваат на вработените во аеродромот да ја мерат телесната температура на патниците на терминалите на безбедно растојание и до седум метри.

Ако уредот утврди температура над 37,5, ќе следи медицински преглед.
Тоа е дел од активностите според планот на аеродромот „Фјумичино“ за нормализирање на авиосообраќајот што е можно поскоро, со максимална безбедност на патниците.

 

Поврзани вести

Новата генерација на Razr сега има 5G поддршка

msp-admin

Viber до корисниците на WhatsApp: Дојдете кај нас!

Влатко Зорба

Google Pixel Fold доаѓа оваа година?

Влатко Зорба