СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Јапонија ќе воведе 6G мобилна мрежа

Јапонската влада донесе одлука да ги започне подготовките за воведување на шеста генерација (6G) мобилна мрежа.

Намерата на Јапонија е оваа ултра брза мрежа во Јапонија да започне со работа во 2030 година.

За таа цел, формирана е експертска комисија составена од технички експерти, претставници на приватни компании и надлежни јавни институции, чија задача е да се развие сложена стратегија за премин кон новиот формат, пренесува SEEbiz.

Системот за комуникација на петтата генерација (5G) ќе биде широко користен во Јапонија оваа пролет. Во ова, земјата заостанува зад САД и Јужна Кореја, каде што веќе започна употребата на 5G.

Новинската агенција Кјодо пишува дека владата, во соработка со економијата, сака да го надомести овој заостаток и да преземе водечка улога во преминувањето кон уште побрз и побезбеден систем на шеста генерација. Широката употреба на 6G се очекува особено во автоматски возила, без возачи.

Поврзани вести

Apple официјално го објави iOS 14! (ВИДЕО)

msp-admin

Apple може да претстави три нови производи во март

Влатко Зорба

Тиндер започнува со тестирање на опцијата за видео чет

msp-admin