СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Нови детали за Galaxy S11 – може да снима 8K видео и да има дисплеј со сооднос 20:9

Со доаѓањето на нови верзии на некои системски апликации, честопати можеме да дознаеме за додавање на нови функционалности, па дури и хардверски параметри на идните уреди за кои се наменети. Традиционално, XDA Developers сподели слични откритија, а сега тие се поврзани со програмата „Samsung Camera“ и нејзиниот нов интерфејс „One UI 2.0 beta 4“.

Во неа се додава опција за снимање на видео со 8K, а за нејзината достапност во еден од следните смартфони Galaxy , исто така, сугерираат и параметрите на чипсетот Exynos 990, кој се очекува да се користи на Galaxy S11. Поддржува видео снимање со резолуција од 4K на 120 фрејма во секунда (fps) и на 8K на 30 fps. Snapdragon 865 веројатно ќе понуди вакви можности.

Оваа висока резолуција ги потврдува и гласините за интеграција на сензорот од 108 мегапиксели. Меѓу новитетите кај режимите и функционалност на апликацијата се Director’s View, Single Take Photo, вертикална панорама, персоналните филтри и Night Hyperlapse кои звучат доста интересно. XDA, исто така, пронајде докази дека Корејците подготвуваат модел со сооднос на страните 20:9, а најверојатно станува збор за Galaxy S11.

Поврзани вести

Apple патентираше нов вид тастатура со вградени десплеи

Влатко Зорба

iPhone 12 ќе биде првиот смартфон на компанијата со вграден сензор за отпечатоци на екранот

msp-admin

Viber го слави својот 10-ти роденден и им подари на корисниците нова опција

msp-admin