СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Нови решенија за заштита на лозинките и личните податоци од Google

Google објави дека воведува голем број на нови функции поврзани со приватноста, кои беа објавени за време на Конференцијата за развивачи Google I / O.

„Password Checkup“ е нова алатка во менаџерот за управување со лозинки во Android и Chrome што ќе утврди дали вашите зачувани лозинки се доволно добри и ќе ве предупреди при пробиви и протекување на информации. Откако ќе ги скенирате сите внесени лозинки, „Password Checkup“ ќе понуди препораки, доколку ги има.

Инкогнито режимот во Chrome е достапен од 2008 година и им овозможува на корисниците да прелистуваат без синхронизација на податоците со нивната сметка. Сега, овој режим ќе биде достапен и во „Google Maps“, откако вашата активност при пребарување на локации и објекти нема да се чува и користи за персонализирани услуги од компанијата. Ова ажурирање ќе биде достапно етапно за корисниците на Android почнувајќи од овој месец.

Google нуди можност за автоматско бришење на историјата на YouTube на секои 3 или 18 месеци, со поставките достапни во делот „Manage Activity“. Компанијата исто така го олеснува бришењето на податоците собрани од нејзиниот виртуелен асистент, што сега ќе биде можно преку говорна команда.

Во оваа варијанта, ова е можно за периоди пократки од една недела и првично ќе бидат достапни на англиски јазик.

Поврзани вести

Маск нуди награда од 100 милиони долари за најдобра технологија за фаќање на јаглерод

Влатко Зорба

Нараквица „чита“ дали сте ТАЖНИ или СРЕЌНИ и пријавува кај вашиот шеф

Влатко Зорба

Безбедносен проблем со TikTok ги става во ризик личните податоци на корисниците

Влатко Зорба