СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Tesla Model Y „Произведена во Кина“ (ВИДЕО)

Отсега натаму, нов електричен кросовер се произведува и во фабриката на Tesla во Шангај.

Tesla започна да го произведува моделот Y во својата Гигафабрика лоцирана во близина на Шангај, Кина.

Иако самиот производител на автомобили сè уште официјално не ја потврди оваа вест, снимките од фабриката направени од беспилотни летала покажуваат десетици новопроизведени Model Y.

Ова видео доаѓа откако дојде најавата од Tesla дека компанијата планира да започне со производство на Model Y во Шангај на почетокот на 2021 година, но се чини дека производството започна дури и пред тој рок.

Сајтот „Електрек“ тврди дека првите примероци на возила од фабриката во Шангај ќе им бидат доставени на вработените во Tesla, веројатно со намера да се отстранат можните проблеми кога станува збор за проблеми со контролата на квалитетот, пред да започне испораката до другите клиенти во Кина.

Се верува дека моделот Y произведен во Шангај е во основа ист со оној што моментално се произведува во главната фабрика на Tesla во Фримонт, Калифорнија.

За споредба, моделот Y за европскиот пазар, кој ќе се произведува во Берлин, ќе ги користи новите ќелии на батерии „4680“, за кои се вели дека имаат поголем енергетски капацитет и ќе го зголемат радиусот на движење на возилото за 16 проценти.

Моделот Y се очекува да биде најпродаваниот автомобил на Tesla во Кина. Аналитичарите сугерираат дека Tesla може да испорача дури 30.000 од овие возила месечно кога ќе започне продажбата на големи размери.

Поврзани вести

Рендери на Samsung Galaxy S11e откриваат тројна главна камера (ВИДЕО)

msp-admin

Маск нуди награда од 100 милиони долари за најдобра технологија за фаќање на јаглерод

Влатко Зорба

Samsung постепено ги отстранува полначот и слушалките од кутиите

Влатко Зорба