СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

MIUI 12 ќе вклучува темен режим

Xiaomi едвај неодамна почна со распространувањето на новиот графички кориснички интерфејс MiUI 11 базиран на Android, но веќе постои индикација за нова опција, која ќе ја очекуваме со следното издание.

Објавата на компанијата на кинеската социјална мрежа „Веибо“ откри дека MIUI 12 ќе има сеопфатен темен режим.

Оваа опција е се уште во режим на внатрешно тестирање од страна на софтверските инженери на компанијата и сигурно ќе трае најмалку неколку месеци пред да го видиме во акција.

Ваквата функционалност е поддржана од Android 10 и веќе најде место во интерфејсите на некои од најголемите производители на уреди.
Потсетуваме дека со MIUI 11, паметните телефони Xiaomi добиваат и посебен „App Draw“ за апликации во лаунчерот – долгоочекувана функционалност за фановите на брендот.

Поврзани вести

Essential покажа смартфон со изненадувачки дизајн (ВИДЕО)

msp-admin

Апликација симулира нуклеарна војна и крајот на светот (ВИДЕО)

msp-admin

Microsoft ќе го затвори Skype for Business на 31 јули

Влатко Зорба