СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Neon – „вештачките луѓе“ на Samsung

Дали ќе остане место за вистинските луѓе во технолошкиот свет? Ова е веројатно она што многумина се прашуваа откако Samsung претстави на CES 2020 во Лас Вегас визија за … „вештачки луѓе“.

Зачудувачкиот проект на Samsung Star Labs се нарекува Neon. Тоа не е само уште еден гласовен асистент или робот, туку е технологија за видео разговор со компјутер, кој изгледа исклучително реален – исто како вистинско човечко суштество.

Програмерите на корејската компанија имаат амбиција да ја изведат комуникацијата со „вештачките луѓе“ на сосема ново ниво, во споредба со традиционалните лични асистенти. Времето за наоѓање на информации и вистинскиот одговор од Neon е само на неколку милисекунди.

Samsung се надева дека компаниите ќе го лиценцираат Neon со идеја да го користат за најразлични цели – како што е инструктор по јога, телевизиски презентер, филмски актер, финансиски советник и многу други улоги. Neon-ите, исто така, можат да бидат само добри пријатели на луѓето.

Од Star Labs велат дека не се обидуваат да ги заменат луѓето, дури и ако тоа изгледа така.

„Ние не се обидуваме да одземеме нечии работни места, туку сакаме да го подобриме искуството на клиентите за да се чувствуваат како да имаат добар пријател“.

Компанијата тврди дека Neon има свои емоции и сеќавања, но засега тоа звучи како научна фантастика. Веројатно „вештачки луѓе“ можат да бидат програмирани за да симулираат емоции и да складираат податоци.

Samsung планира да го направи Neon достапен и за деловните партнери и за поединци од целиот свет. Бизнис моделот и цените на Neon сè уште не се познати, но подоцна оваа година ќе започне бета-тестирање на технологијата во реално опкружување со избрани партнери.

Поврзани вести

Apple работи на отклучување на iPhone со маска

Влатко Зорба

HP додава 5G можности на Elite Dragonfly

msp-admin

VR очила за крави за зголемување на производството на млеко

msp-admin