СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Слушалките Beats Solo Pro имаат технологија за потиснување на бучавата (ВИДЕО)

Beats by Dr. Dre (Beats) ги промовираше своите први слушалки одтипот за поставување на увото (on-ear) со технологија за потиснување на бучава. Моделот се вика Solo Pro, а според компанијата, постигнува помало нарушување на звукот и подобрено регистрирање на глас, при разговори и давање на команди. Овие се исто така првите слушалки на брендот со технологија Pure Adaptive Noise Cancelling (Pure ANC), која го прилагодува звукот и го смирува амбиенталниот звук.

Слушалките се потпираат на микрофони, со кои им се овозможува на корисниците да слушаат амбиентални звуци во Transparency режим, без да ги симнуваат. Друга интересна карактеристика на Solo Pro е можноста да се исклучат и вклучат со собирање и отворање. Во однос на хардвер, достапни се чипови Apple W1 и H1, со кои корисниците можат да го активираат Siri Assistant во секое време со говорна команда.

На надворешната површина на десната слушалка е областа за управување со музичката репродукција и одговарање или одбивање повици. Според компанијата, со активирање на некои од технологиите Pure ANC или Transparency, Solo Pro може да понуди автономија до 22 часа, а без нив и до 40 часа со едно полнење на батеријата.
Слушалките ќе бидат достапни од 30-ти октомври во САД за 300 американски долари во најразлични опции во боја, вклучувајќи специјални „More Matte“ варијанти, создадени во партнерство со Фарел Вилијамс.

Поврзани вести

Како некој може да ги види сите слики и видеа на вашиот заклучен телефон благодарение на „баг“ на Facebook?

Stefanija Kuzmanovska

Oppo ги потврди основните параметри на Reno Ace

msp-admin

Маска за лице на иднината

msp-admin