СТАНДАРД life
Здравје

Експертите потврдија дека ова се најздравите сирења во светот

Ако СИРЕЊЕТО  го сметате за уживање, размислете уште еднаш. Додека некои видови се полни со масти и сол и немаат многу хранлива вредност, други нудат доволно протеини, витамини и здрави бактерии за да се сметаат за здрави.

Кога станува збор за сирењата, диететичарите и нутриционистите се согласуваат дека ова се петте најздрави видови што можеме да ги консумираме.

Моцарела

Со 22,2 грама протеини на 100 грама, моцарелата се смета за едно од најздравите сирења. Има помал процент на заситени масти и натриум и е добар извор на калциум, фосфор и цинк, кои се важни за здравјето на коските. Исто така е добар извор на бактериите Lactobacillus casei и Lactobacillus fermentum – два вредни пробиотици кои го промовираат здравјето на цревата.

Козјо сирење

Мекото, кремасто сирење има тони здравствени придобивки, најмногу благодарение на фактот што е направено од козјо млеко. Козјото млеко е богато со витамин А и рибофлавин (витамин Б2), а содржи помалку лактоза од кравјото, што е добра вест за оние кои се нетолерантни на лактоза.

Урда

Со висока содржина на протеини и витамини Б и Б12, урдата со години е добро позната здрава храна. Во 100 грама урда има 14 грама протеини одговорни за градење мускули и чувство на ситост. Многу марки на урда исто така содржат бактерии кои можат да помогнат во зајакнувањето на имунолошкиот систем и подобрување на варењето.

Пармезан

Пармезанот има и доволно протеини и калциум, но и многу малку лактоза, поради што полесно се вари од повеќето сирења од кравјо млеко. Богат е и со натриум, па затоа не треба да се јаде во големи количини.

Швајцарско сирење

Ова сирење беше во потесниот избор како суперхрана во 2017 година, кога корејските истражувачи открија дека содржи вреден пробиотик наречен Propionibacterium freudenreichii. Според студиите, овој пробиотик може да помогне да се намали воспалението, да се бори против инфекциите, па дури и да го забави процесот на стареење. Швајцарското сирење има и завидни количини на витамин Б12, калциум и фосфор, како и протеини и калциум.

Поврзани вести

Симптом на тумор на мозокот може да се појави додека јадете, предупредуваат лекарите

Urednik

Симптоми кои се појавуваат еден ден пред срцев удар

Urednik

ПРВ И ЕДИНСТВЕН ЦЕНТАР ЗА ТРЕТМАН НА БОЛКА СО МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

Urednik