СТАНДАРД life
Здравје

Студот може позитивно да влијае на телото

Иако не звучи толку пријатно, експертите инсистираат на тоа дека студот е многу корисен за нашето здравје. Децениските истражувања ја поврзуваат изложеноста на студ, без разлика дали тоа е туширање, капење или трчање на отворено во текот на зимата, со безброј придобивки.

Ова, пишува „Дејли мејл“, се само некои од клучните придобивки од изложувањето на студ.

Го подобрува имунолошкиот систем: ги стимулира леукоцитите, белите крвни зрнца, кои помагаат во борбата против инфекциите.

Помага при слабеење: може да го стимулира процесот на термогенеза, кога телото согорува калории за да произведе топлина.

Го намалува ризикот од депресија: може да го подобри расположението и да ги намали симптомите на депресија, благодарение на ослободувањето на невротрансмитери како што се норадреналин и допамин.

Го намалува стресот: Го намалува нивото на стрес, го подобрува расположението и ја зголемува способноста на телото да се прилагоди на различни видови на стрес.

Ја подобрува кондицијата: вежбањето на студ може да го зголеми согорувањето на калориите и да ја зголеми издржливоста.

Го подобрува сексуалниот живот: Го зголемува нивото на тестостерон и естроген, што може да го подобри сексуалниот нагон, пишува изданието.

Без разлика на неговите придобивки, пристапот кон студот мора да биде постепен.

Поврзани вести

По јадењето ни случајно не треба да запалите цигара!

Radmila Tasevska

Полна чаша здравје – рецепт за сок од цвекло

Radmila Tasevska

Како да го “подигнете“ организамот по долгата забавна ноќ

Radmila Tasevska