Постојат различни мислења за темата дали треба да се симнува градникот пред спиење. Според некои тоа им помага на градите да се задржат од притискање и смачкување, други пак тврдат дека ваквата „небрежност“ може да доведе до рак на дојка.
Здравствените експерти признаваат дека носењето на градник за време на спиењето не е препорачливо, а причините се:
Се спречува циркулацијата
Металните жици во градникот го притискаат телото и нервните завршетоци во соодветната област, исто така ја нарушуваат циркулацијата поради притисокот. Ако градникот е многу тесен, тој може да му наштети на телото.
Повреда на телото
Кога човек спие, телото е опуштено и тежи многу. Покрај тоа, многу градници имаат кукички, декорација и други тврди предмети, кои може да ве изгребат или да навлезат во кожата. Уште пострашно е тоа што може да доведат до појава на цисти.
Може да доведат до габична инфекција
Носењето градник за време на спиењето може да помогне појавата на габична инфекција, бидејќи може да создаде влага во пределот околу градите. Избегнувајте да носите градник за време на спиењето, дајте им на градите време да дишат.
Непријатност
Градникот е страно тело на вашето и може да предизвика непријатност за време на спиењето, што ќе го спречи одморот.
Заклучок
Ризиците по здравјето и телото од носењето на градник за време на спиењето не се за потценување, затоа подобро извадете го пред спиење. Ако се грижите дека градите може да свенат, има специјални вежби. Не заборавајте дека кога вежбате, градите треба да се пристегнати добро, Во текот на денот, исто носете градник.