Сите добро знаеме дека бришењето прашина е почеток на секое генерално чистење дома, како и дека мора да се прави редовно за да се одржи домот уреден и чист. Меѓутоа, знаеме и колку може тоа да биде исцрпувачко и стресно, па можеби е време да пробате несекојдневен трик што се користи во музеите, во кој многумина тврдат дека одлично функционира. Дури и нема страв дека ќе го оштетите мебелот, а прашината не се враќа и до 10 дена.
Еве пет начини на кои можете да користите глицерин за чистење на вашиот дом:
1. Брзо и ефикасно чистење на валканите подови
Додадете неколку капки глицерин во вода и користете ја оваа смеса за бришење на подовите.
2. Долгорочно отстранување на прашина
Додадете малку глицерин во водата, намокрете крпа со смесата и избришете ги површините. Благодарение на овој трик, прашината ќе остане невидлива најмалку 10 дена.
3. Отстранување на дамките од облека
Ставете неколку капки глицерин на дамката, а потоа исплакнете ја со вода во која сте додале малку сол. За дамки од чај, кафе или чоколадо, направете мешавина од глицерин и сол, нанесете ја на дамката и исперете ја по половина час.
4. Одржување на кожениот мебел
За да отстраните гребнатини од кожен мебел, избришете ги со памучна крпа натопена со глицерин. Повторете го процесот два до три пати.
5. Миење на прозорците
Измешајте глицерин и етанол во сооднос 1:10 и избришете ги прозорците со оваа смеса. Благодарение на овој метод, вашите прозорци ќе останат чисти долго време.
