31.8 C
Скопје
18 септември, 2026
СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

Позната пејачка загина на 26 години, ја покосил автомобил додека возела тротинет

Американската пејачка Кемрин Магнес, која беше позната на публиката ширум светот по нејзините настапи на турнеите со познатиот бенд „Уан дајрекшн“, трагично го загуби животот на 26-годишна возраст.

Според извештајот од полицијата, таа била удрена од возило додека возела електричен тротинет.

Несреќата се случила минатиот петок во Форт Мајерс, Флорида, а веста за нејзината смрт беше потврдена оваа недела преку официјалните профили на талентираната уметница на социјалните мрежи.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ¢amryn (@camrynrocks)


Во емотивна објава на Инстаграм, семејството и тимот на младата пејачка се збогуваа со трогателни зборови што ги потресоа нејзините обожаватели ширум светот:

„Нашите срца се скршени. Тагуваме по саканата Камерин и нејзината сјајна душа чиј глас, насмевка и светлина допреа толку многу животи. Без разлика дали беше под брановите или на сцената, таа храбро се соочи со животот, со бескрајна љубезност. Во тишината меѓу брановите, нејзиното сеќавање ќе се појави – јасно, смело, незаборавно. Почивај во бескрајното синило, наше слатко девојче. Засекогаш си сакана и засекогаш заштитена. Ве молиме, спомнувајте го нејзиното семејство и пријателите во вашите молитви додека -0минуваат низ ова тешко време.“

Нејзиниот свршеник Кристијан е неутешен по нејзината трагична смрт.

Веста за нејзината смрт предизвика лавина од реакции од колегите, обожавателите и јавните личности, кои на социјалните мрежи се збогуваат со младата ѕвезда со огромен потенцијал.

Ја прослави нејзиниот јутјуб-канал, отворен во 2010 година. Само две години подоцна беше поканета да се приклучи на „Уан дајрекшн“ на нивната турнеја „Ап ол најт“, а веќе следната година повторно настапуваше со нив на турнејата „Тејк ми хоум“.

Поврзани вести

Познатиот рапер почина на 35 години: Се уште не е позната причината за смртта

Radmila Tasevska

Хајди Клум за сексуалниот живот со 17 години помладиот сопруг: „Поминуваме часови во спалната соба“

Radmila Tasevska

Се огласи позната актерка од озлогласената листа на Џефри Епстајн

Radmila Tasevska