Технолошката ефикасност ќе доведе до најголеми кратења на работни места во историјата на банкарската индустрија во САД. 200.000 позиции се очекува да бидат погодени во следната деценија, според извештајот на Wells Fargo & Cо., цитиран от „Bloomberg“.
150 милијарди долари е сума што финансиските компании во земјата трошат на технологија – повеќе од која било друга индустрија. Сето ова ќе резултира со пониски трошоци, а надоместокот за вработените ќе претставува половина од сите банкарски трошоци, вели Мајк Мајо, виш аналитичар во Wells Fargo Securities.
„Бек-офисот“, филијалите на банките, кол-центрите и корпоративните вработени ќе се намалат помеѓу една петтина и една третина, а работните места, поврзани со технологија, продажба и консултации ќе бидат помалку засегнати, се вели во студијата.
„Ова ќе биде драматична промена во кол-центрите, надворешни и внатрешни“, коментира Мајкл Тан, партнер во Deloitte, кој ги надгледува активностите за иновации во глобалните финансиски услуги на консултантската фирма.
„Ние веќе гледаме докази за ова со разговорни страни, а некои луѓе не знаат ниту дека разговараат со AI (вештачка интелигенција), затоа што само одговараат на прашања“.
Мајо од Wells Fargo се придружува на директорите, консултантските фирми и други кои предвидуваат огромни намалувања во банкарската работна сила заради притисокот на автоматизацијата.
Во мај, McKinsey & Co. соопшти дека очекува бројот на вработени во „фронт-офисот“ – банкари и трговци, кои историски се сметани за најценети средства на финансиските фирми – ќе се намали за речиси третина, заради навлегувањето на роботите.
Бројот на вработените во канцелариите во инвестициското банкарство се намалил за една петтина во 2018 година, според податоците на Coalition Development.