Денес официјално ги дознавме сите детали за паметните телефони Pixel 4 и Pixel 4 XL, за кои во последните неколку недели се појави скоро се. Уредите ќе бидат достапни во црна, бела и портокалова (ограничено издание), а продажбата во САД почнува од 24-ти октомври со цена од 799 и 899 долари за верзијата 64 GB, плус варијанта од 128 GB. Во Германија продажбата започнува на 21 октомври по цени од 749 и 899 евра, соодветно.
Двата телефони користат OLED дисплеи со сооднос 19:9, но тие се различни по големина и резолуција – 5,7-инчи со FHD + и 6,3-инчи со QHD +, соодветно. Панелите поддржуваат HDR и имаат стапка на освежување до 90Hz, а исто така им е овозможена и функција за промена на температурата на бојата според амбиенталното светло. Моделите се потпираат на чипсет Snapdragon 855 и нудат 6 GB RAM меморија.
Над дисплејот на новите телефони, има поширока рамка во која се сместени серија сензори за потребите на неколку нови функции. Еднa е за препознавање на лицето, кое работи слично на Face ID. Другиот се вика Motion Sense и овозможува контролирање разни функции преку гестови со рака преку уредот. Додатокот користи технологија наречена Soli (нешто како минијатурен радар) и помага при работи како што се менување песни и одбивање на дојдовни повици.
Телефоните доаѓаат со нова двојна камера со двојна оптичка стабилизација. Главниот сензор 12MP има бленда од f / 1.7, а на него се додава 16MP со 2х телефо-оптика (f / 2.4). Компанијата ја надогради функцијата Night Sight за снимање во темно и сега може да се искористи за создавање спектакуларни слики – Pixel 3 и 3a, исто така, ќе добијат верзија на оваа фунција со ажурирање на апликацијата за камера.
Телефоните исто така нудат засилена функција HDR + со опџија за прегледување во реално време во визирот на крајниот резултат, дури и кога ги користите новите инструменти со двојна експозиција во предизвикувачка околина. За селфи има 8 MP камера (f / 2.0).
Моделите исто така вклучуваат нова верзија на Google Assistant која работи побрзо и поддржува повеќе команди. Подобрувањата за обработка на глас овозможуваат да се обработуваат повеќе команди на телефонот, што го забрзува одговорот. Додадена е нова апликација Recorder за снимање на аудио, но исто така има можност автоматски да се транскрибира, плус опција за пребарување на одреден збор или звук. Сè се случува на телефонот, а англискиот јазик ќе биде поддржан за почеток.
Pixel 4 и Pixel 4 XL имаат батерии од 2800 и 3700 mAh, соодветно, кои поддржуваат брзо полнење на 18W, како и безжични по Qi стандардот. Исто така е додадена и Active Edge функција за управување со разни карактеристики со стискање на страничната рамка.