СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Анѓушев: Во минатите две години се изградија 30-тина фабрики и се вработија 54.000 луѓе

Вицепремиерот Кочо Анѓушев соопшти дека „Пурпласт“ во првата фаза ќе гради индустриски објект со површина меѓу осум и 10 илјади квадратни метри.

– Со потпишувањето на овој договор продолжува индустријализацијата на нашата држава. Сите дилеми дали се градат фабрики веќе никој не ги спомнува бидејќи јасно и е на целата јавност дека фабрики се градат. Неколку пуштивме во работа, неколку се во фаза на градба, неколку почнуваат со градба, но се заедно тоа се 30-тина фабрики и затоа 54 илјади луѓе се вработија во изминатите две години. Резултатите полека доаѓаат. Горди сме полека државата ја индустријализираме и горди сме што наместо да извезуваме луѓе, помагаме да извезуваме производи бидејќи со секое вработување имаме еден помалку заминат човек од нашата држава, нагласи вицепремиерот Анѓушев.

Најави дека оваа недела во ТИРЗ ќе биде отворена и фабриката на швајцарската компанија „Бауер“.

Поврзани вести

Седумдесет и осум проценти е реализацијата на капиталните расходи во Буџетот за 2019 година

Почнува стечајното рочиште за Еуростандард Банка

Пауновски: Лимоните ќе се продаваат по 70 до 110 денари за килограм