СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Економско-социјалниот совет: Социјалниот дијалог помеѓу сите чинители е од особено значење и во интерес на граѓаните

Социјалниот дијалог помеѓу сите чинители е од особено значење и во интерес на граѓаните, стопанството, економијата, заклучи на денешната седница Економско-социјалниот совет, што се одржа денеска во Министерството за труд и социјална политика.

Со седницата претседаваше новоизбраната ресорна министерка Јагода Шахпаска, а присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, како член на ЕСС и останатите членови на ЕСС односно претставници на Сојузот на синдикатите на РСМ и претставници на Организација на работодавачи на Македонија.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска посочи дека продлабочувањето на дијалогот помеѓу работодавачите, синдикатите како претставници на работниците и Владата е од особено значење, особено во насока на носење на законски решенија кои ќе бидат во интерес на сите страни и на кои ќе им претходи добра анализа и консултации од страна на сите учесници, соопшти МТСП.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи,  информираат од МТСП, од своја страна истакна дека средбите како денешната и впечатокот дека сите членови на ЕСС се на иста линија е од големо значење во насока дека сите чинители кои придонесуваат за развој на државата се согласни и отворени за дијалог.

Битиќи предложил вакви средби да се оддржуваат редовно, најмалку еднаш во месецот, што било поздравено од друготе членови на Економско социјалниот совет.

Денешната седница на ЕСС беше во насока на првично претставување и запознавање на членовите и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и изнесување на клучните пораки за кои се залагаат сите вклучени и важни чинители за граѓаните, стопанството, за државата, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Поврзани вести

АСОМ: Уредбата за онлајн обложување треба да се преточи во трајно законско решение

Берта Китинска

Берза: Бришење на издавачот Сковин АД Скопје од „Листата за набљудување“

Влатко Зорба

АХВ: Затворени 48 угостителски објекти, 215 кафемати се забранети за употреба

Берта Китинска