СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

На земјата којашто живее од нафта ѝ снемуваат пари

Кога кувајтскиот министер за финансии Анас Ал-Салех предупреди во 2016 година дека е време да се намалат трошоците и да се подготват за “живот после нафтата“, тој беше исмејуван од населението.

Четири години подоцна, една од најбогатите земји во светот едвај врзува крај со крај како резултат на големиот пад на цените на енергијата.

Ал-Салех повеќе не е министер за финансии. Него го замени Маријам Ал-Акил, што замина два месеца (декември 2019 – февруари 2020 година) откако предложи реструктуирање на трошоците за плати во јавниот сектор. Наследникот, Барак ал-Шитан, предупреди минатиот месец дека земјата нема доволно пари да ги исплати платите на државните службеници по октомври, пишува Bloomberg.

Побарувачката за нафта сè уште не е вратена на вистинскиот пат, поради коронавирусот, па затоа приходите од нафта паѓаат. Покрај тоа, смената кон обновлива енергија се заканува да ги задржи цените “депресивни“.

Поврзани вести

Волстрит „падна“ поради политичката нестабилност во Вашингтон

Влатко Зорба

Што ја кочи преселбата на Стопанска банка АД Скопје од ГТЦ?

msp-admin

НЕВИДЕНО ВЛИЈАНИЕ НА КОРОНАТА НА ЕУ ЕКОНОМИЈАТА: Речиси 6 милиони работни места исчезнаа

Влатко Зорба