СТАНДАРД life
АНАЛИЗИЕКОНОМИЈА

Како Кина може да го порази САД во трговската војна?

Целта на Пекинг се американските земјоделци за да ја поткопа нивната поддршка во трговската војна која претседателот Доналд Трамп ја води против Кина.

Американскиот магазин The National Interest обајви текст од авторот Денис П. Халпин, кој вели дека Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР) во извештајот објавен на 19 септември навела како очекува дека глобалната економија расте со најбавно темпо од почетокот на финансиската криза, со оглед на тоа дека инвестициите и трговијата ја кочат ескалирачкиот спор меѓу САД и Кина, што би можело да доведе до поголеми губитоци во следните години.

Смета дека податоците не се добра вест за Трамп во време кога се соочува со бројни предизвици пред годината во која ќе настојува да го освои вториот мандат.

Херверт Хувер, последниот американски претседател кој играл на „картата на тарифи“ и го потпишал Смут-халеевиот тарифен закон, платил висока цена на изборите во 1932 година.

Се чини дека Трамп сега размислува за напуштање на политиката „да се биде остар кон Кина“. Сега се поставува прашањето: има ли Пекинг некои поголеми влијанија за давање помош на американскиот претседател за да би се извлекол од тој ќорсокак или ќе се одлучи на игра на чекање за да постигне што подобар одговор со демократскиот кандидат кој би можел да го наследи Трамп на изборите 2020?

Едноставно постигнување на договор

Изгледа дека грубата преговарачка политика сега го довела Трамп во вистинска дилема. Иако симпатизерите на Трамп ги сакаат неговите напади на Кина, може да се случи да се откажат од поддршката на претседателот во ек на економските проблеми предизвикани од неговата политика.

Објаснува дека преговарачкиот стил на Трамп подразбира и фокусирање на противничката слабост. Тука е и елементот на непромисленост и отворено непријателство во туркање на работите до крај, по што се повлекува во последен момент, во надеж дека заканите ќе успеат да го принудат противникот да го прифати понудениот договор. Трамп за тој преговарачки пристап рече: „Мојот стил на постигнување договор е многу едноставен и јасен: ги поставувам високо целите, а потоа вршам притисок и продолжувам да го правам тоа се додека не го добијам она што го сакам“.

Халпин смета дека кинескиот преговарачки пристап кој би можел да го забележи додека работел како дипломат во американската амбасад во Пекинг во деведесетите, е сосем друг од пристапот со вршење притисок, на кој Трамп укажува во својата книга.

„Пиење чај“ и „голтање горчина“

Иако комунистичките челници во Пекинг можат да ја уклучат пренагласената револуционерна реторика кога треба, кај нив постои културолошка склоност да се решаваат сериозните прашања зад затворени врати, додека се впуштаат во кинескиот ритуал на „пиење на чајот“. Повеќето кинески преговарачи се родени трговци на коњи, кои се подготвени да го прифатат принципот на двојна корист за да го постигнат договорот кој го спасува образот на секоја страна.

Спротивно на тоа стилот на Трамп се потпира на бомбастични твитови, неочекувани пресврти во ставовите и условите од договорот, што многу КИнези ги потсетува на западното варварство и ароганција во тргувањето со Кина.

Изгледа дека кинеските челници се целосно уверени дека можат да го надминат Трамп во неговата омилена игра, која се потпира на притисок и закана при преговарањето.

Во склад со тој пристап, Пекинг ја следи старата кинеска поговорка: „Голтање горчина“. Тоа всушност значи дека кога двете најголеми светски економии ќе се најдат во судир по три децениска трговска поврзаност, последиците од тој раскин ќе бидат страшни за двете страни.

Но Кинеските челници се уверени дека стотина милиони луѓе од средната класа во земјата можат да ги поднесат последиците од таа војна и да ја „проголтаат горчината“ повеќе од разгалените Американци.
Тоа уверување се базира на фактот дека кинескиот народ издржал повеќе од 100 години инвазии, глад, граѓанска војна и револуции по слабеењето на економската ситуација во Кина, која во време на американската револуција била најбогата земја во светот.

„Ќе има жртви и на наша страна“

Пекинг од своја страна успеал да му нанесе стратешки удари на Трамп, таму каде што најмногу боли, а тоа е шанса за нов престедателски мандат. Кина воведе противмерки, наметнувајќи такси на производите на земјоделците кои го поддржуваат во државите кои се сметаат за клучни за одредување на исходот од изборите како што е Ајова и Висконсин.

Другиот блок на главните поддржувачи на Трамп односно мајки кои се потпираат на ефтино купување по трговските центри, сега се соочуваат со проблем на раст на цените на производите кои не се произведени во Кина.

Причина за тоа е барањето на Трамп упатено кон американските компании да бараат алтернатива за Кина при снабдувањето со тие производи што доведе до раст на цените и пад на куповната моќ на средната класа.

Некои од симпатизерите на Трамп како републиканскиот сенатор Том Котон од Арканзас се обиде да ги минимализира политичките трошоци заради трговската војна на американскиот престедател со Кина.

Во ТВ обраќањето на 13 мај Котон изјави дека овие такси на крајот ќе им наштетат и на Кинезите и на некои Американци, а сигурно ќе им наштетат повеќе на Кинезите отколку на Американците затоа што кинеските компании и владата подолго време вршат измама на САД. Секако дека ќе има жртви и на наша страна. Но ви гарантирам дека тие жртви ќе бидат минимални во однос на жртвите кои нашите војници ги поднесуваат ширум светот“.

Решавачкиот глас на Висконсин и Ајова

Во август локалниот американски весник Milwaukee Journal Sentinel објавил текст во кој се наведува дека Републиканската и Демократската партија внимателно ги следат ставовите на земјоделците и жителите на руралните подрачја во САД затоа што тие ќе имаат влијание на шансите на Трамп за победа на изборите 2020. Интересно е дека насловот на текстот го споменува изразот „тарифите на Трамп“ со што сака да укаже на неговата одговорност за таа трговска војна, што би требало да го алармира американскиот престедател и неговите симпатизери.

Без Висконсин кој 2016 година гласал за републиканскиот претседател за прв пат по 1984, патот на Трамп до победата на изборите следната година практично станува невозможен. исто се однесува и за Ајова, која се потпира на производство на соја и свинско, во која Трамп победи по две последователни победи на Барак Обама. Пораз во таа држава уште повеќе ќе ги намали неговите шанси за повторен избор.

Трамп може да освои бодови против Кина во своите тарифни битки, но тие битки може да резултираат со негово губење во војната со демократите за Белата куќа.

Поврзани вести

Отплатил долг од 29.000 долари, а заштедил 100.000 долари, поради овие книги

Stefanija Kuzmanovska

МЗШВ: Согласно законот се спроведуваат јавните огласи за распределба на земјоделско земјиште

МИНАТАТА НЕДЕЛА РЕЧИСИ 1,5 МИЛИОНИ невработени во САД: Бројот на барања за помош останува висок

Stefanija Kuzmanovska