СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ФИТР објави нов јавен повик за дигитализација на земјоделството

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска го објави новиот јавен повик за дигитализација на земјоделството. Наменет е за проекти на стартапи од земјоделскиот сектор, со што им се олесни пристапот до дигиталните технологии на земјоделците.

„Очекуваме предлог-проекти со кои ќе направиме големо олеснување за земјоделците, донесување на правилни и навремени одлуки што ќе резултира со поголем успех во одгледувањето на земјоделските култури, поголема продуктивност и повисоки приходи“, изјави директорот на ФИТР, Коста Петров.

„Знаеме со какви климатски промени се соочуваме и затоа е потребно да се контролира влагата на почвата, воздухот и температурата, за да се направат применливи услови за одгледување на земјоделските култури и на добитокот. Верувам дека ова ќе поттикне и некои новитети, а тоа е да имаме поголемо производство во контролирани услови што значи да имаме производ 12 месеци“, посочи Трајан Димовски од МЗШВ.

За поединечен предлог проект, ФИТР обезбедува финансирање до 90% од вкупниот буџет, во максимален износ од 1.500.000денари. Корисникот треба да обезбеди минимум 10% од вкупниот буџет на проектот.

Рокот за пријавување е 16 април, до 14 часот.

Поврзани вести

АСОМ: Ќе ги преземеме сите мерки спорниот Закон за игрите на среќа да не се донесе

Влатко Зорба

„Стентон градба“ ќе гради градинка во Прилеп за над 2,16 милиони евра

Влатко Зорба

Бројот на вработени во јавниот сектор намален за 1.717 лица

Влатко Зорба