СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Петстотина најбогати луѓе на свет изгубија во еден ден вкупно 120 милијарди евра

Петстотина најбогати луѓе на свет изгубија во еден ден вкупно 139 милијарди долари (повеќе од 120 милијарди евра), а берзата се „закочи“ поради стравувањата дека ширењето на коронавирус ќе ја загрози глобалната економија.

Тоа е најголем губиток за најмоќните жители на планетата од Блумберговата листа на најбогати уште од октомври 2016 година, кога прв пат е спроведено такво истражување.
Бернард Арно, третиот најбогат човек на свет и генералниот директор на производителот на луксузната марка Луј Витон, изгубил 4,8 милијарди долари, а без истиот износ останал и директорот на Амазон, Џеф Безос.

Сопственикот на Зара, Аманцио Ортега изгубил 4 милијарди долари, а основачот на Фејсбук, Марк Закерберг 3,48 милијарди долари.

Кина која е жариште на коронавирусот, го има 40 отсто од светскиот пазар на луксузна облека.

Берзанскиот пад силно ги погоди акциите на агенциите кои организираат крстарења.

Поврзани вести

Ангеловски: Ги очекуваме протоколите, се надеваме дека има измени според нашите барања

Голдман Сакс: Голем пад на цената на нафтата од 70 на 20 долари

Во Скопје ќе се градат нови 1.209 станови, најмногу се продаваат во Аеродром

Берта Китинска