СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Е-трговија: Социјалното растојание ќе влијае на навиките на потрошувачите на долг рок

Е-трговијата, во текот на изминатата година, порасна на повеќе од 16 проценти на глобално ниво.

Доживеа најголемо ширење во Централна и Источна Европа, според податоците на платформата еМаркетер, специјализирана за е-трговија. Експертите за електронска трговија од агенцијата „Namics – A Merkle Company“ истакнуваат дека ова е последица на пандемијата на коронавирус.

Како што објаснуваат, поради ограниченото движење на населението и скратеното работно време на продавниците, потрошувачите ги сменија своите навики и се преориентираа кон купување преку Интернет.

„Е-трговијата расте стабилно од март минатата година, а на регионално ниво најмногу се разви во Централна и Источна Европа – за повеќе од една петтина во споредба со истиот период минатата година“, рече Филип Горт од „Namics“.

Горт забележува дека веќе сега, некои анализи покажуваат дека социјалното растојание ќе влијае на потрошувачките навики на долг рок и дека е-трговијата ќе продолжи да се развива и во иднина.

„Продавачите ќе одговорат на потребата на клиентите да купуваат каде и да се – од транспорт, од одмор, од дома. Испораката ќе биде брза и бесплатна, а предност ќе имаат е-продавниците кои нудат силно и персонализирано виртуелно искуство. На формирањето на трендовите големо влијание имаат милениумците, како силна група потрошувачи. Тие претпочитаат да избираат општествено одговорни брендови, па затоа се очекува компаниите да се обратат кон заедницата“.

Анализата на GoogleTrend покажа кои производи биле најбарани во 2020 година: „Тука спаѓаат спортска опрема, душеци, перници, кревети за миленичиња, социјални игри, освежувачи на воздухот и секако средства за дезинфекција“, вели Горт.

Промените во навиките на потрошувачите и зголемената употреба на е-трговија, исто така, ќе влијаат на ИТ-индустријата.

„Претпоставките се дека пристапот до мобилен Интернет ќе продолжи да расте, дека многу процеси ќе бидат автоматизирани и дека страниците ќе одговорат на индивидуалното однесување на корисникот. Пример, ќе бидат прилагодени на секоја големина на екран и тип на уред. Според нашето најново истражување, базите на податоци и содржината прилагодена на секој поединечен корисник ќе играат голема улога во е-трговијата“, објаснува Горт.

Поврзани вести

Отворен првиот меѓународен саем за автомобили во време на корона

msp-admin

Повеќе од 6 милиони домаќинства купиле по две Nintendo Switch конзоли

Германија ќе дозволи употреба на 5G технологија на Huawei во замена за гаранции од Кинезите

msp-admin