20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Samsung со специјална „Star Wars“ верзија на Galaxy Note 10+

Пред неколку дена Samsung објави дека започнува кампања со Disney околу серијалот „Star Wars“ и претстави специјално видео за неа. Тогаш компанијата посочи дека подготвила повеќе изненадувања за нас пред објавувањето на „Star Wars: The Rise of Skywalker“ во декември, а веќе знаеме какви ќе бидат.

Корејците пуштија специјално „Star Wars“ издание на Galaxy Note 10+, кое е црно и има црвени акценти и дополнителна тематска графика на кукиштето и интерфејсот што одговараат на вртењето на Кајло Рен кон Темната страна на силата. Не се заборавени и специјални звучни ефекти.

Потрошувачите исто така ќе добијат соодветна обвивка, безжични слушалки за Galaxy Buds и метална значка. Специјалното издание ќе се најде на пазарот на 10 декември по цена од 1.300 долари и ќе се продава во 15 земји, но за жал С.Македонија не е меѓу нив.

Поврзани вести

Хакери ветија дека нема да напаѓаат здравствени организации

msp-admin

Закерберг најави дека очекува во следните десет години околу 50 отсто од вработените во компанијата да работат од дома

msp-admin

Вкупното време поминато во играње на Fortnite подолго од постоењето на човечкиот вид

msp-admin