СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Со музика и многу гости Кнауф го прослави јубилејот – 25 години во Македонија

Со музика и забава и со многу гости, деловни партнери од Северна Македонија и од регионот, но и од Германија и Русија, претставници на градежната фела, како и претставници на Владата, компанијата Кнауф го одбележа големиот јубилеј – 25 години работење.

Во овие две и пол децении, пренесувајќи го искуството и знаењето од германскиот гигант Кнауф и на наши простори, кој е водечки производител на материјали и системи за градба на глобално ниво и бренд кој претставува синоним за квалитет и иновативност, Кнауф во земјава прерасна во лидер во воведувањето новитети во градежништвото.

Како што истакна Тодор Деловски, регионален директор на Кнауф за регионот Исток-Југозапад во својот поздравен говор, Кнауф и во иднина ќе продолжи да биде авангарда која создава вредности во градежништвото – за денес и за иднината и истовремено доверлив партнер кој може да ја реализира секоја замисла на клиентите.

Во текот на неколкучасовното дружење, присутните можеа да уживаат во прекрасниот глас и изведба на Каролина Гочева и нејзиниот бенд. На крај, секој од гостите доби по парче селенит – прекрасен кристал којшто се вади од Кристалната пештера, од којшто Кнауф го произведува најценетиот материјал во градежништвото уште од времето на фараоните, преку антиката, па се до денес – гипсот.

Поврзани вести

Huawei комерцијално го лансираше RuralStar Pro решението

Влатко Зорба

Првиот човек на Твитер речиси го напуштил ИТ секторот за да биде масер или моден дизајнер

Влатко Зорба

Маск ги прекина плановите за проширување во Кина