СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Фејсбук ја претстави апликацијата „Вјупоинтс“ која на корисниците ќе им плаќа за учество во анкети

Американската компанија Фејсбук синоќа ја претстави апликацијата „Вјупоинтс“ која на корисниците ќе им плаќа за учество во анкети, истражувања и за извршување на задачи.

Компанијата има намера да користи фидбек од корисниците за да ги подобри своите производи како Фејсбук, Инстаграм, Ватсап, Портал и Окулус.

Корисниците ќе заработуваат со добивање поени за учество во истражувањата. Неопходен број на собрани поени ќе можат да бидат разменети за пари преку платниот систем „Пејпал“.

Засега сервисот може да се користи само во САД и од лица постари од 18 години, а планирано е да биде пуштен во други земји идната година. За учество во анкетите потребно е да се има профил на Фејсбук, да се внесе име и презиме, електронска адреса, земја на живеење, пол и дата на раѓање.

Од Фејсбук укажуваат дека информациите за корисниците нема да се објавуваат, предаваат или продаваат на трети лица и компании.

Поврзани вести

WhatsApp изгуби милиони корисници

Влатко Зорба

Протекоа податоци на 1,2 милијарди Интернет корисници

msp-admin

Google ја укинува употребата на „колачиња“ и воведува FLoC: Еве што значи тоа

Влатко Зорба