СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Apple може драстично да го намали производството на iPhone 11 Pro

Анализата на Rosenblatt Securities покажува дека Apple ќе го ограничи производството на „iPhone 11 Pro“ и „iPhone 11 Pro Max“ до 25% овој квартал и следниот. Компанијата проценува дека вкупното производство ќе падне за дури 60% до крајот на март. Rosenblatt ова го препишува на намалениот интерес за 4G паметните телефони.

Сепак не мислат така од Morgan Stanley, кои имале состаноци со главниот финансиски директор на Apple, Лука Маестри, како и со добавувачите на компанијата. Според нив, целата серија на iPhone 11 ужива во силна продажба. Други аналитичари, исто така, се оптимисти за лансирањето на iPhone 11.

Rosenblatt очекуваат идната есен Apple да лансира шест модели во серијата iPhone 12. Основната – iPhone 12 4G, ќе има 6,1-инчен LCD екран и двојна главна камера. Покрај тоа, може да видиме две варијанти на iPhone 12 Pro со 5,4-инчни OLED екрани, а разликата ќе биде достапноста на 5G конекција во една од нив.

Можно е да видиме и iPhone 12 Pro Plus во две варијанти според мобилното поврзување, и iPhone 12 Pro Max, кој ќе биде само со 5G верзија.

Овие предвидувања се различни од очекувањата на аналитичарот Минг-Чи Куо, кој предвидува дека во 2020 година Apple ќе претстави четири модели со OLED екрани, како и поевтиниот iPhone SE 2 (iPhone 9).

Поврзани вести

Римац откри како направил „автомобил без возач“ (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Бинзините и дизелот поскапуваат за еден денар

msp-admin

Заштитни маски и ракавици за посетителите на бензинските станици со брендот ОКТА во Скопје

msp-admin