СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Фатална зависност од игрите: Момче го уби својот татко

Страста за компјутерски игри и нивното влијание врз психата на децата е предмет на многу истражувања. Нивните заклучоци често се контрадикторни, но некои случаи во реалниот живот имаат опасни последици.

Британскиот весник „Сан“ објави инцидент во градот Суратани, Тајланд, во кој млад човек зависник од компјутерски игри, го убива татко му, откако било побарано од неговиот родител некое време да се раздели од онлајн играта.

Трагедијата се случила минатата сабота, 7 декември. Тогаш 17-годишниот Панварат го прободел својот татко во грбот, поради што човекот починал.

Агресивното однесување на момчето било поттикнато од инсистирање на 51-годишниот полициски наредник Ануват Чоибенџу да ја заврши својата сесија на онлајн игра.

Кога полицијата пристигнала во куќата каде се случил инцидентот, го пронашле телото на својот колега во локва крв. Мажот бил однесен во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот.

Од своја страна, синот на Панават го напуштил местото на злосторството, но набрзо бил фатен од полицијата додека играл видео игра со еден пријател во блиското Интернет-кафе.

Според тетката на момчето, Ануват бил многу вознемирен поради зависноста на неговиот син од видео игри и постојано се обидувал да го оттргне од нив.

Тинејџерот ги поминувал ноќите играјќи компјутерски игри и спиел во текот на денот. Тој неодамна бил избркан од училиште бидејќи честопати пропуштал часови.

Поврзани вести

Македонија обележува еден век инженерство

msp-admin

Која е најсимнуваната апликација по изборниот пораз на Трамп?

msp-admin

Huawei изгледа подготвува паметен часовник во серијата Nova

Влатко Зорба