СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Димковски: Изградба на откупно-дистрибутивен центар во Ресен, вреден околу 6 милиони евра

Изградба на откупно-дистрибутивен центар во Ресен, вреден околу шест милиони евра, најави денеска министерот за земјоделство Трајан Димковски. Како што рече на работниот состанок со градоначалникот Живко Гошаревски, минатата недела завршиле последните преговори со Светска банка која ќе ја поддржи изградбата во рамки на проектот „Модернизација на земјоделството“.

Во рамки на овој проект е отворена и опцијата да се обезбедат два ладилни камиона од по 30 тони.

-Изградбата на современ дистрибутивно-откупен центар во Ресен е потребен за да се надмине проблемот со складирање и чување земјоделските производи, пред се, јаболка, што ќе доведе кон стандардизирано производство и комерцијализација на домашен и меѓународен пазар. Складирањето, квалитетот и пакувањето на земјоделските производи ќе биде согласно меѓународните стандарди за квалитет, со што Општина Ресен и земјоделското производство ќе се доближат до европските пазари, истакна министерот.

На работниот состанок беше најавено и активирање на подмерката Услуги за авионски засејувања на облаците за превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани врз земјоделски посеви. За таа цел се обезбедени 70 милиони денари од Програмата за рурален развој. Тендерот за набавка ќе го објави Управата за хидрометеоролошки работи во јануари, а се очекува од април да има заштита од град на територијата на цела држава.

-На земјоделците од Општина Ресен годинава им беа исплатени над шест милиони евра. Очекуваме следната година да почне и исплатата за површините по хектар. Една нова, добра вест е и откупно- дистрибутивниот центар што ќе биде изграден тука. Пред само недела дена завршија и последните преговори со Светска банка. За следната година, во Програмата за рурален развој се издвоени средства за авионско засејување со кое би се намалиле штетите и би се подобрил квалитетот на приносите, изјави Димковски.

Министерството за земјоделство во годинашната Програма за директни плаќања ги зголеми субвенциите за одржување насади од 33.000 на 41.000 денари по хектар, а за оние овоштари кои имаат еден до пет хектари, поддршката е зголемена од 39.600 на 50.000 денари. Дополнителнии 15 отсто повисоки субвенции добиваат овоштарите кои имаат насади во подрачја со огранични можности над 700 метри надморска височина и таа субвенција за развојните категории достигнува 57.500 денари по хектар.

Поврзани вести

МАТТО му порача на Мицковски: Политичарите треба да го слушнат гласот на бизнис заедницата

Берта Китинска

Димковски: Очекуваме непречен откуп и висока просечна откупна цена на тутунот

Влатко Зорба

Битиќи на средба со Лукаревска: УЈП е еден од најважните столбови на економијата

Влатко Зорба