СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бесими на средба со коморите: Низ инклузивен процес ќе се носат одлуки за подобар и поефикасен даночен систем

Потребен ни е даночен систем којшто ќе овозможи забрзан, инклузивен и одржлив економски раст. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, одржа повеќе состаноци со претседателите на стопанските комори на коишто се дискутираше за даночната реформа и за акцискиот план за годинава во однос на Стратегијата за реформа на даночниот систем за периодот 2021-2025 година.

На состаноците присуствуваа претседателите на стопанските комори: Бранко Азески – на Стопанската комора на Македонија, Неби Хоџа – на Комората на Северозападна Македонија, Штефан Петер – на Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо – на Асоцијацијата на компании со технолошки напредно производство, Ајдован Адемоски – на МАТТО, Патрик Мартенс – на Делегацијата на германско стопанство, Анета Антова Пешева – на МАСИТ, Нина Ангеловска – на Асоцијацијата за е-трговија и Драган Митковски – потпретседател на Сојузот на стопански комори.

Министерот Бесими ја истакна важноста од партнерството на Владата со приватниот сектор и порача дека покрај превземените мерки, важна е конзистентноста и инклузивниот процес со засегнатите страни при носењето на одлуките.

„Реформите на даночниот систем се во насока на воспоставување современ, транспарентен, ефикасен даночен систем што се заснова на јасни правила и принципи и ќе се темели на современи дигитални технологиии и иновации во оданочувањето, во функција на постигнување на забрзан, инклузивен и одржлив економски раст“, истакна Бесими, притоа потенцирајќи дека даночниот календар ќе се објави на интернет-страницата на Министерството за финансии во понеделник, со што ќе се реализира едно од главните барања на коморите.

На состанокот, воедно, се дискутираше за приоритетите на Стратегијата за реформа на даночниот систем коишто се во насока на поголема праведност во оданочувањето, поголема ефикасност и ефективност на даночниот систем за подобра наплата на приходите, намалување на неформалната економија, поголема даночна транспарентност, подобар квалитет на услугите и воведување еколошко (зелено) оданочување.

Поврзани вести

Не ја почитувале забраната за работа – затворени уште 4 кафеани и 40 кафемати

Берта Китинска

Бесими: Јавниот долг во функција на економскиот раст

Влатко Зорба

Спасовски: Новата инвестиција во „Братсво Инокс“ ќе овозможи нови вработувања

Берта Китинска