СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

На пазарот доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени

Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, 58 765 пазарноориентирани деловни субјекти, активни во областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности, оствариле вкупен промет од 1 387 046 милиони денари и додадена вредност од 300 053 милиони денари. За ангажираните 400 629 вработени лица, издвоени биле 148 827 милиони денари.

Најголем промет е реализиран од секторот Трговија на големо и на мало со 40.9 %, а по него следат секторот Преработувачка индустрија со 28.7 %, Градежништво и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 6.7 % и секторот Транспорт и складирање со 5.8 %.

Секторот на преработувачка индустрија има најголемо учество во вкупната додадена вредност со 27.6 %, следен од секторот Трговија на големо и на мало со 24.0 %. Значително учество во додадената вредност има секторот Градежништво (9.8 %), додека подеднакво учество од 7.9 % имаат секторите Транспорт и складирање и Информации и комуникации.

Во однос на големината на претпријатијата, доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени

(90.5 %), најголемиот дел од нив се од областа на трговијата. Со ангажирани 31.3 % од вкупно вработените, тие создале 21.0 % од вкупната додадена вредност. Големите претпријатија со учество од само 0.3 % и со ангажирани 26.3 % од вработените создаваат 34.1 % од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор, и тоа, главно, во секторот Преработувачка индустрија (14.1 %). Сепак, најголем е потенцијалот на малите и на средните претпријатија (со 10 до 249 вработени), кои ангажираа 42.4 % од вработените и создадоа 44.9 % од вкупната додадена вредност во деловниот сектор.

Поврзани вести

Макрадули: Граѓаните од 1 март ќе можат своите сметки да ги плаќаат во „Пошта“

Берта Китинска

Продолжен рокот за исплата на поддршка од 6.000 денари за над 24.000 граѓани до 31 март

Влатко Зорба

Бесими: Јавниот долг во функција на економскиот раст

Влатко Зорба