СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Нуредини: „Пејпер Мил“ ќе стартува со производство, кога ќе ги исполни обврските

Фабриката за хартија „Пејпер Мил“ во Кочани ќе стартува со производството, само доколку ги исполни условите кои им се дадени, порача денеска од Штип, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Последниот инспекциски надзор пред два месеца од Државниот инспекторат за животна средина покажа дека гасовите кои излегуваат од фабричкиот оџак на кочански „Пејпер Мил“ ги имаат надминато граничните вредности на прашина и јаглероден моноксид.

Поради тоа Државниот инспекторат за животна средина и наложи на кочанската фабрика за хартија да работи само на плин и да престане да го користи котелот за пелети, како и да се постави нов филтер и загадувањето да се намали под граничните вредности.

Раководството на бугарската фабрика за хартија, кон средината на јануари, оваа година одлучи производството да се прекине, а ќе стартува кога ќе се постави филтерот.

Поврзани вести

Владата ги објави фирмите кои зеле помош, а не ги исплатиле работниците

Влатко Зорба

Петпати повисок данок ако не пријавите недвижнина што не ја користите

Влатко Зорба

Атанасов: СДСМ исплати 381,6 милиони евра за земјоделците