СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Арсовски: Извршителите не ќе може да ги наплатуваат долговите од подсметките

Помошта од 6.000 денари ќе ја добијат сите, рече  на прес-конференција портпаролот на Владата Душко Арсовски.

Од владата денеска појаснија дека извршителите не ќе можат да земаат средства од п

Според законот за финансиската  помош стои дека од подсметките не може да се земаат средства односно извршителите да наплатуваат, вели Арсовски.

Информираше дека се обработени сите приговори, која бројка изнесуваше околу 78.000, но конкретните бројки ќе бидат соопштени најдоцна до денеска.

Оваа мерка е дел од четвртиот пакет и опфаќа над 280 000 граѓани, кон кои се исплаќаат 27,5 милиони евра

Финансиската поддршка од 6000 денари е наменета за граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Поврзани вести

Царовска: Компаниите што имаат капацитет за вложување да аплицираат за финансиска поддршка

Арсовска: Поддршката за исплатата на платите навистина даде добри резултати

Влатко Зорба

Уредбите за мерките од третиот сет ќе се донесат неделава