СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Note9 веќе ја добива стабилната верзија на Android 10 во Индија

На крајот на ноември, Samsung го започна процесот на надградба на сериите Galaxy S10 на стабилната верзија на Android 10, кон средината на декември ова се случи и за Note10, а сега изгледа дека започнува ажурирањето на Galaxy Note9.

Стабилната верзија на софтверот сега е достапна за корисниците во Индија кои се дел од бета програмата за софтверско тестирање, а информациите доаѓаат од Sammobile.

Верзијата N960FXXU4DSLB е со големина од 100MB и вклучува повеќе „закрпи“ за безбедност на Android за декември.

Ако сте меѓу учесниците во бета програмата, најверојатно наскоро ќе добиете и стабилна верзија на софтверот. За сите други, изгледа дека чекањето ќе биде подолго.

Поврзани вести

Не ви се допаѓа новиот Facebook? Вратете го стариот со едноставен трик

msp-admin

Корисниците на Samsung Galaxy Note10 веќе можат да го тестираат Android 10

msp-admin

Словенечка паметна куќа за птици привлече инвестиција од 4,2 милиони евра

Влатко Зорба