СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Кондовски: Сфаќањето за потребата на осигурување кај земјоделците се повеќе и повеќе се зголемува

„СН Осигурителен брокер АД Битола“ претставува најголем осигурителен брокер во државата по основ на бруто полисирана премија, број на вработени, број на подружници и реализирани штети.

– Да, нескромно истакнуваме дека сме лидери меѓу брокерските друштва, а тоа се должи што активно се вклучуваме во донесувањето на законски мерки и начин на обесштетување на земјоделците и нивно целосно информирање! ОСИГУРИТЕЛНИТЕ БРОКЕРИ се вистинскиот начин земјоделците да дојдат до добро осигурување, особено кога нивните посеви се во крајно ризични региони, а осигурителните компании во тој случај избегнуваат да се заштитат од тој ризик. Со земјоделците работиме од самото основање на СН Осигурителен Брокер, активно 4 години вели Христо Кондовски, извршен директор на „СН Осигурителен брокер АД Битола“.

Дали се менува сфаќањето за потребата од земјоделско осигурување?

–Гледајќи на изминатите години во кои активно работевме и продолжуваме да работиме со земјоделците тврдиме дека сфаќањето за потребата на осигурување се повеќе и повеќе се зголемува, а во тоа најголемо влијание имаат непредвидливите временски услови кои во одредени региони од државата го оштетуваат тотално приносот на земјоделецот, вели Кондовски за Агротим.мк.

Поврзани вести

Битиќи: Пописот ќе овозможи државата да носи соодветни економски политики (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Повеќе дигитални услуги, подобрување на ефикасноста на доставата и зголемување на работното време, ветува директорот на Пошта

Влатко Зорба

„Современ дом“ и „ЗСФ КОМ“ добија дозвола од КХВ да го преземат „Скопски пазар“

Влатко Зорба