СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Горивата поевтинуваат за половина денар

За половина денар поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе изнесува 68 денари за литар, 70 денари ќе чини литар Еуросупер БС-98, 62,5 денари на Еуродизел (Д-V), a 51,5 денари литар ЕЛ-1.

Цената на мазутот M-1 HC се зголемува за 0,305 денари и килограм од тој енергенс ќе се продава за 38,548 денари.

Намалувањето на цената на нафтените деривати во просек изнесува 0,48 проценти. Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика е донесена врз основа на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Поврзани вести

Бајден ќе замени 650.000 владини возила со електрични автомобили

Влатко Зорба

„Мајкрософт“ дозволи постојана работа од дома

msp-admin

iPhone се сруши на 5% во Кина, Huawei држи 42%

msp-admin