СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска денеска обвини дека не добива податоци за бројките на вработените

Дополнителната заменик-министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска обвини дека не добива податоци за бројките на вработените и за економските параметри.

Според неа, тврдењата дека Министерството за финансии води транспарентна политика кон граѓаните, е само заблуда и во пракса далеку од вистината.

– Министерството за финансии на моите барања во однос на податоците за вработувања и согласностите за ангажирања, ме извести дека не води евиденција на издадените известувања за обезбедени финансиски средства за вработување и согласности за ангажирања во институциите во Р. Македонија, а притоа сметаат дека немалe ниту таква обврска, вели дополнителната заменик-министерка.

Таа побарала да и се достават копии од сите издадени согласности за да може нејзиниот кабинет да направи евиденција и да ја извести јавноста за постапувањето по известувања за обезбедени финансиски средства за вработување и соглсностите за ангажирање, затоа што смета дека јавноста и граѓаните мора да бидат известени за начинот на трошење на нивните пари.

Димитриеска Кочоска истакна дека за жал, до денес не и се доставени ваквите копии, од за неа непознати причини, но се надева дека соодветно ќе и биде објаснето на јавноста за ова постапување.

-Се надевам дека Министерството за финансии нема повторно да ја манипулира јавноста и да кажува дека плановите за вработувања се доставени, затоа што уште еднаш напоменувам дека тоа се две различни работи, како по значење така и по законски основ, рече Димитриеска Кочоска.

Во однос на пристапот на трезорскиот систем, извести дека пристапот и е ограничен, односно дека опција која што е овозможена во системот open finance не и е достапна во трезорскиот систем.

-Разликата е во тоа што на open finance се апдејтуваат податоците на две недели и не за сите субјекти, притоа јас не можам да ги следам податоците на дневна основа, бидејќи ми е потребна дневна аналитика. Во однос на доспеаните, а неплатени обврски на буџетските коисници, единките корисници, јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост, истакна дека и покрај доставеното барање на 14.01.2020 за пристап до Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврски (ЕСПЕО), дури денес после цел месец ми е дозволен пристап. Притоа, со оглед дека туку ми е дозволен пристап, сеуште немам утврдено дали пристапот е целосен, рече Димитриевска Кочоска.

За барањето податоци поврзани со јавниот долг, рече дека не и се доставени податоци за вкупните издадени важечки државни гаранции со датум на издавање, датум на доспевање, гарантиран износ и каматна стапка, ниту пак податоци за носителите на јавен долг со износ на обврски.

-Со оглед дека Министерството направило четири измени на годишниот план за јавни набавки за 2019 година, од кои последната е на 20.12.2019 година побарав информација за потребата за измените, како и податоци за разликата меѓу нивната проценета и реализирана вредност, како и причините за нереализирање податоци на набавките, рече таа и праша на кого не му одговара да излезат на виделина вистинските бројки и параметри

Според неа, ова отвара сомнеж дека некој навистина сака да направи поткуп.

Поврзани вести

Анѓушев, Бектеши и Реџепи на пуштањето во употреба на ТАНАП

Влатко Зорба

Рекордна вредност на Биткоинтот, сè се смени преку ноќ

Берта Китинска

Следниот месец почнува изградбата на две нови патарини на автопатот Скопје-Штип

Влатко Зорба