СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Минималната плата сè уште не е достоинствена

Минималната плата сè уште не е достоинствена и кога економските услови ќе бидат добри ќе работиме да ја зголемиме и до 18.000 денари, но сега не е моментот. Само пред три години минималната плата беше 8.500 денари во одредени сектори, а 9.000 во сите сектори. Денеска е 15.194 денари и тоа покажува дали имаме политичка волја да ја зголемиме или не, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Претендирам минималната плата да биде повисока од 60 отсто од просечната, но кога економијата ќе биде доволно продуктивна и ефикасна за да креира раст кој може тоа да си го дозволи. Минималната плата кај нас беше 40 отсто од просечната, а сега достигнавме до 53,4 отсто. Стремиме кон 60 отсто, но тоа се прави постепено. Во владината програма имаме кажано дека минималната плата ќе биде 18.000, а просечната плата 36.000 денари и тоа е точно тоа што сакаме да го постигнеме. Ќе одиме уште подалеку од тоа и ќе стигнеме на минимална плата од 20.000 денари кога нема да зборуваме за економска криза – рече Битиќи.

Поврзани вести

„Блумберг“: С. Македонија издава нова 7-годишна еврообврзница

Влатко Зорба

Отворен прехранбено-технолошки центар за развој на иновативни продукти

Влатко Зорба

Американците побогати од кога било благодарение на државната помош

Stefanija Kuzmanovska