СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Идниот месец на граѓаните ќе им бидат исплатени ветените 6.000 денари

Собранието ќе донесе ново законско решение за граѓаните кои не ја добиел помошта од 6000 денари.

Од Владата денеска појаснија дека извршителите нема да можат да земаат средства од подсметките на лицата кои добиле финансиска помош за справување со коронакризата.

-Го надминуваме и тој проблем со измена на законот, со што се продолжува рокот за ажурирање на податоците за да може граѓаните да ги добијат парите. Процесот очекуваме да заврши во јануари, откако претходно, се разбира, ќе помине во Собрание, изјави Душко Арсовски-.

Toj соопшти дека во најголем дел од приговорите кои не биле прифатени се работело за граѓани кои веќе добиле помош во третиот сет мерки и дека политиката на Владата е да бидат опфатени што е можно повеќе граѓани.

За одбиени поединечни случаи рече одговори може да се побараат од институциите од чии евиденции се преземени податоците за граѓани на кои им следува оваа помош, како Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување.

Поврзани вести

Договор со Светска банка со кој се обезбедуваат 70 милиони евра за локални патишта во 80 општини

Бочварски: Градиме преку 660 станови за социјално ранливи категории на граѓани

Влатко Зорба

Овој пат Кина нема да ја спасува светската економија

Stefanija Kuzmanovska