СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ќе инвестираме до 7 милиони евра за 10 отсто учество во гасниот терминал во Александрополис

Северна Македонија ќе учествува со 10 отсто во сопственоста на гасниот терминал во Александрополис во Грција за што ќе инвестира 6,5 до 7 милиони евра, соопшти денес премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање.

Тој рече дека учествуваме со 25 отсто учество во гасната централа на природен гас во „Александрополис“.Електрана со инсталирана моќност до 800 мегавати во која нашата држава преку АД ЕСМ би имала сопственост од 25 отсто. Покрај нашата земја, учество во гасниот терминал во Александрополис имаат и Грција од 20 отсто, Бугарија со 20 отсто и американска и грчка фирма.

Премиерот исто така посочи дека Макеоднија ќе биде сосопственик и на гасната централа што ќе се гради во Александрополис и која ќе биде со моќност од 800 мегавати што ќе овозможи да се премине кон затворање на еден од блоковите во РЕК „Битола“ и енергетска транзиција на земјата кон поеколошки енергенси.

„До крајот на јануари ќе биде готова физибилити студијата на ТЕЦ Неготино каде што ќе објавиме повик за јавно-приватно за ТЕЦ Неготино“, рече Заев, дополнувајќи:

Гасификацијата се гради со одлично темпо. Гасоводот ја помина Битола и се гради кон Ресен и кон Тетово и Гостивар, веруваме дека следната година можеме да почнеме од Гостивар кон Кичево, со конечна цел да стигнеме до Охрид, Струга и преку Ресен да го заокружиме прстенот. Гасоводната мрежа има пазарна вредност сега, со тоа што државата е 100 проценти сопственик, повеќе од пола милијарда евра. Тоа е национален гасовод на граѓаните на нашата држава“.

Поврзани вести

Состанок на економски совет: Здравствениот систем да биде фокус за финансиска поддршка

msp-admin

Бесими: Инвестициите во развојот на човечкиот капитал се од исклучителна важност за напредокот на економијата

Влатко Зорба

Бензините поевтинуваат за еден денар, а дизелот за денар и пол

Александар Петровски