СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

4 технолошки трендови што ќе преовладуваат во 2021 година

Дигитализацијата е загатката што ни недостасува, ако сакаме да ја завршиме сликата што ја создаваме во 21-от век, живеејќи помеѓу приватност и напнати деловни настани. Сепак, нема да биде поштедена ниту таа.

Покрај тоа, како што поетски пишува во анализата бриселски „Политико“, „пандемијата се на надви над 2020 година како темен облак и принуди милијарди луѓе во карантин. И покрај пристигнувањето на вакцината, светската економија е во рецесија, чии ефекти ќе се чувствуваат со години“.

Светот на технологијата не остана имун на сегашната криза, иако тоа е област која се спротивставува на бројните удари. Понатаму се вели дека милиони „започнаа да работат“ од дома „преку ноќ“ (порано беше пракса за помал дел од населението), и дека дигиталните технологии што ги нудат Фејсбук и Амазон станаа „квази јавни услуги“, додека брзиот Интернет не е луксуз – веќе основна потреба.

Анализата се осврнува и на феноменот на „Зум“, апликации за видео повици, како и Гугл и Епл, соодветно, како компании кои ги надминале светските влади, со цел да наметнат сопствени стандарди за тоа како апликациите треба да ја следат изложеноста на луѓето на вирусот. Нивната моќ претендира да остани и кога ќе помине короната.

Она што изненадува, пишува „Политико“, е фактот дека, како што растат големите технологии, скептицизмот во однос на индустријата и нејзиното место во светот растел како никогаш порано. Европа, која продолжува да е трендсетер во областа на креирање на дигитални правила на Запад, објави серија предлози насочени кон зајакнување на онлајн конкуренцијата и борба против штетните дигитални материјали.

Унијата исто така, пишва во анализата, „флертуваше“ со протекционизам и нови даноци насочени кон Силиконската долина, што може да прерасне во веќе преоптоварени трговски односи. „Политико“ издвојува четири трендови што треба да се решат во 2021 година:

Ова се долгата, неизедначена сенка на коронавирусот, вкоренети невистини, потезите на новоизбраниот претседател на САД,Џо Бајден и големата технолошка борба. Фокусот е ставен на технолошките гиганти, кои ја „искористија“ пандемијата „Ковид-19“ за да го прошират своето влијание.

Кога станува збор за вкоренети невистини, „Политико“ наведува дека лажните вести се веќе дел од секојдневниот живот и дека пандемијата го легализирала тој тренд. Се наведува дека оние кои шират дезинформации, се потпирале на влијателни социјални мрежи, примарно ширејќи приказни за негативните несакани ефекти од вакцинацијата.

Се зборува и за тоа какви ќе бидат потезите на Џо Бајден, пред се кога станува збор за сајбер безбедност, но и кога станува збор за управување со содржини на социјалните мрежи.

Поврзани вести

Што знае WhatsApp за вас?

Влатко Зорба

Протекоа податоци на 1,2 милијарди Интернет корисници

msp-admin

Инстаграм воведува нова алатка: Ќе крие коментари што може да бидат навредливи

msp-admin