СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Snapchat повлекува филтер што е виновен за серија сообраќајни несреќи (ВИДЕО)

Беше претставен во 2013 година, и оттогаш е критикуван како дополнителен мотиватор за брзо возење со корисниците.

Станува збор за т.н. „филтер за брзина“, кој за време на фотографирање ја отпечатува брзината на корисникот на апликацијата. Додатокот е најчесто критикуван како еден од факторите во голем број сообраќајни несреќи.

Snap, компанијата што стои зад апликацијата, објави дека го повлекува тој филтер поради намалената популарност. Тие велат дека овој додаток е слабо користен и поради тоа го отстрануваат од понудата.

Овој филтер многумина го поврзуваа со сообраќајни несреќи и имаше јавни повици за негово укинување. Критичарите го поздравуваат отстранувањето на филтерот, но предупредуваат на настаните од минатото.

„Иако оваа одлука несомнено ќе придонесе за безбедноста на учесниците во сообраќајот во иднина, тоа не го оправдува изборот на Snapchat да го создаде и дистрибуира тој филтер во минатото“, посочува Мајкл Неф, адвокат што ги застапува семејствата на корисниците кои настрадаа во несреќи поврзани со апликацијата.

„Со нетрпение го очекуваме денот кога ќе ја добиеме правдата на суд за сите оние кои претрпеа непотребна загуба“, продолжи адвокатот.

„Филтерот за брзина“ е поврзан со неколку несреќи, вклучително и онаа во 2015 година, кога три жени загинаа во Филаделфија. После безброј критики, Snap ја ограничи употребата на апликацијата на 56 км на час со белешката „Don’t Snap and drive“.

Поврзани вести

Samsung Galaxy S11 ќе има процесор Qualcomm Snapdragon 865 и 12 GB LPDDR5 RAM меморија

msp-admin

Huawei ќе го претстави Mate X2 на крајот на февруари

Влатко Зорба

Xiaomi Mi 9 Lite со 108MP камера ќе биде промовиран на 24 октомври

msp-admin