СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Од 2022 година сите нови автомобили во ЕУ ќе имаат црна кутија

Од следната година, сите нови автомобили во ЕУ ќе имаат задолжителна црна кутија, а од 2024 година, ќе ја имаат и сите возила кои за прв пат се регистрираат.

Црна кутија е уред што треба да открие до најмали детали сè што се случило во секундите пред сообраќајната несреќа.

Таканаречената црна кутија бележи дури 41 податок што помага во експертиза, објави хрватскиот портал „Индекс“.

„За да добиете информации за брзината на возилото пет секунди пред судирот, однесувањето на возачот, дали тој закочил, дали имал манипулации со воланот и во колкав процент, колкава е брзината на возилото и сл.“, објасни Жељко Шариќ од Лабораторијата за сообраќајно-техничко вештачење на Факултетот за сообраќајни науки во Загреб, за ХРТ.

Иако многумина не знаат, црната кутија во автомобилската индустрија не е нова, некои нови возила веќе ја имаат.

Обично се наоѓа помеѓу седиштата на возачот и совозачот во модулот за воздушни перничиња.

Поврзани вести

„Јутјуб“ ја суспендираше сметката на Трамп

Влатко Зорба

Руски милијардер постави АПСОЛУТЕН РЕКОРД: Заработил 6,4 милијарди долари за само 2 месеци

Влатко Зорба

За 35 отсто пад на приходите на 30 најголеми државни компании

msp-admin