СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Вештачка интелигенција ќе „лови“ опасни датотеки во Gmail

Вештачка интелигенција на Google скенира милијарди датотеки што се прикачени на пораките на Gmail секој ден за да идентификуваат малициозни документи. Во својата работа, интелигентниот скенер се потпира на длабоко машинско учење.

AI софтверот на Google е дизајниран да обезбеди сигурност на корисниците на Gmail со идентификување на малициозни датотеки. За нив се тврди дека учествуваат со 58% од сите напади насочени кон корисниците на популарната мејл услуга.

Ефективно спротивставување на злонамерните активности е можно благодарение на технологијата за вештачка интелигенција. Секоја недела, скенерот обработува над 300 милијарди закачени фајлови за да блокира злонамерна содржина.

Статистичките податоци покажуваат дека 63% од блокираните документи се различни од претходно идентификуваните. Скенерот се потпира на длабоко машинско учење за да се справи со заканите што се појавуваат.

Од пуштањето на новиот скенер на крајот на 2019 година, дневниот дострел на Office документи, што содржат малициозни скрипти се зголеми за 10%. Покрај модулот за обука, скенерот содржи специјални анализатори за секој тип датотека. Тие се одговорни за анализа на документот, идентификување на вообичаени модели на напад итн.

Досега, АI технологијата се користи само за скенирање канцелариски документи, но Google сè уште активно ја развива и најверојатно ќе ја примени и за другите типови содржини.

Поврзани вести

Тојота го претстави „градот на иднината“ (ВИДЕО)

msp-admin

Тик Ток со нова промена: Се продолжува времетраењето на видеата?

Никола Поповски

LG ги претстави своите први безжични слушалки

msp-admin