Стандард
ТЕХНОЛОГИЈА

Овие телефони први ќе добијат замена за Андроид

Кинескиот гигант „Хуавеи“ планира до крајот на годината на 300 милиони уреди да го замени оперативниот систем Андроид со својот ХармониОС , чија премиера нè очекува оваа недела.

Неофицијални извори тврдат дека ХармониОС меѓу првите кој ќе го добијат следниве модели на телефони на „Хуавеи“: Mate 40, Mate 40 Pro, Mate 40 Pro +, Mate 40 RS, Mate X2, Nova 8, Nova 8 Pro, како и MatePad Pro таблетот, пишува „ГСМ Арена“.

Освен бројните шпекулации и неофицијални снимки, многу работи сè уште не се официјално познати за проектот. Сепак, повеќето се согласуваат дека ХармониОС со изгледот прилично потсетува на актуелната верзија на интерфејсот EMUI 11 на „Хуавеи“.

Поврзани вести

Апликацијата Зум се најде под високо ниво на контрола поради нејзината популарност за време на пандемијата

msp-admin

Наскоро доаѓа нова генерација на „Виндоус“

Иновативни производи кои ја одбележаа 2020 година

Влатко Зорба