СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Google Search ја запира поддршката на содржината со Adobe Flash

Google официјално ги потврди своите планови да престане да пушта содржина што користи Adobe Flash во пребарувачот. Ова ќе се случи пред крајот на оваа година и е уште еден чекор со кој конечно ќе се стави крај на некогаш популарниот формат. Според податоците, Google ќе ги игнорира сите веб-страници во резултатите од пребарувачот, кои се засноваат на Adobe Flash. Индексирањето на самостојни SWF-датотеки од Google Search исто така се запира.

Всушност, ова е последната фаза на процеси, што започнаа пред неколку години. Речиси сите водечки компании постепено престанаа да го користат Adobe Flash на сметка на понапредните веб-технологии. Google Chrome, исто така, повеќе не поддржува ваква содржина на штета на HTML5 и други формати. Другите популарни веб прелистувачи како што се Mozilla Firefox и Microsoft Edge веќе нема да пуштаат содржина што користи Adobe Flash, пренесува ZDNet.

Пред неколку години, ситуацијата беше сосем поинаква, откако додатокот Adobe Flash беше инсталиран над 500 милиони пати за само шест месеци во 2013 година. Овој формат е создаден како одговор на статички веб-страници и им овозможи на програмерите да интегрираат повеќе мултимедијални и интерактивни содржини во нив. Се чини дека времето на Adobe Flash заврши, што пак ќе го отвори патот за доаѓање на понапредни и подобри веб-технологии.

Поврзани вести

Sony претстави телевизори со когнитивен процесор

Влатко Зорба

Samsung Galaxy Tab S6 станува првиот 5G таблет во светот

msp-admin

Фејсбук сопственик на 4-те најпопуларни апликации за Андроид и iOS

msp-admin