СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Посветени сме на стимулирање на младите лица да создаваат подобра иднина, за себе и за државата

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на покана на невладината организација „Рацио”, денес учествуваше на панел дискусија на тема „Пристап и креативни стратегии во креирањето на програми за вработување на младите”, каде дискутрираше со универзитетските професори Висар Адеми и Гадаф Реџепи.

Пред почетокот на панел дискусијата, во изјава за медиумите, вицепремиерот Битиќи ја поздрави инцијативата на невладината организација „Рацио”, да се отвори дискусија помеѓу Владата, невладиниот сектор и младите луѓе за програми и мерки за поддршка на младите и во во периодот на кризата предизвикана од коронавирост, како и во пост Ковид-19 периодот.

„Денеска ќе зборуваме за сите активни програми и мерки коишто годинава ги таргетираат младите како целна група. Ќе зборуваме за Оперативниот план за програми и мерки за вработување, којшто оваа година навистина е на историско високо ниво на буџетираност, речиси 1,5 милијарда денари, каде што младите зафаќаат значително голем дел, ќе зборуваме и за младинската гаранција како дел Оперативниот план, за програмата во Министерство за земјоделие, каде што ги таргетираме младите со различен пристап од претходно. Ќе разговараме и за програмите на Фондот за иновации и технолошки развој, каде што околу 50% од таргетираните лица се млади и секако нема да изоставиме да зборуваме за тоа што пред некој ден го објавивме и веќе се објавени конкурсите за упис во средните училишта, кадешто за првпат даваме голем исчекор во стручното образование, особено во „дуалното” образование. Ако претходно зборувавме за 11 паралелки во „дуалното” образование, годинава ќе зборуваме за 95 паралелки со целосен нов инструмент за субвенционирање, за мотивирање на младите да се вклучат во стручното образование како еден исчекор за вработливоста на младите во нашата држава. Навистина сум среќен што ќе имам прилика и непосредно да комуницирам со категоријата на млади луѓе и да видиме кои се нивните размислувања и кои се потешкотии со кои тие се соочуваат секојдневно за да можеме во активните програми, па и политики да вметнеме нови сегменти”, нагласи Битиќи во изјава за присутните медиуми.

Претставникот на невладината организација „Рацио”, Фехми Османи, истакна дека еден од поголемите предизвици на нашето општество е иселувањето на младите лица, токму поради тоа. „Рацио” ја организираше оваа панел дискусија, за да младите добијат повеќе информации за можностите кои се нудат од државата за нивен развој и да останат да ја градат својата иднина во Република Северна Македонија.

На самата Панел дискусијата, пред присутните млади лица, вицепремиерот посочи дека Владата на Република Северна Македонија е посветена да ги стимулира младите лица за создавање на своја подобра иднина, а со тоа и создавање на подобра иднина на нашата земја. Тој се осврна детално на неколку од програмите и мерките со кои се обезбедува директна поддршка на младите лица во земјата.

„Една од најважните е Oперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2021 година, кој е со рекорден буџет од 1,5 милијарди денари, со вкупен опфат на лица од над 10.200. Во овој оперативен план, младите лица под 29 години, се во фокусот на сите мерки и се очекува нивна застапеност да биде најмалку 30%”, рече Битиќи и додаде дека Младинскиот додаток, како една од програмите, се покажа како одлично решение за стимулирање на младите лица под 23 години, мотивирајќи ги да се вклучат во производството, односно да градат кариера во индустријата.

„Токму затоа, оваа година е зголемен опфатот на лица за оваа мерка, при што се планирани 100 милиони денари, односно по 3000 денари додаток на редованата плата, за 2500 млади луѓе вработени во производството. Една од поатрактивните мерки за младите е и можноста да оформат своја компанија и да се самовработат. Оваа година можност да отворат свој бизнис добиваат 1760 лица, со директни грант средства од 307.500 денари по лице, a се очекува 1/3 или над 500 граѓани под 29 години да основаат сопствено претријатие. Оперативниот план предвидува и други програми и мерки со кои ќе се поддржи вработувањето на младите лица, како што е Програмата за креирање на работни места во која се предвидува минимум од 30% млади лица, а опфатени се околу 1100 лица со вкупен буџет од 220 милиони денари. За секое младо лице, компаниите ќе добијат грант од 153.750 денари”, подвлече Битиќи.

Директна поддршка за младите лица, се планира и преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку Програмата за поддршка на млади земјоделци со вкупна вредност од 190 милиони денари, а со која се предвидуваат директни грантови за 265 млади лица, со над 10 илјади евра по лице. Целта е да се стимулираат младите лица да работат во земјоделското примарно или преработувачко земјоделство, но и да се задржат во своите родни места.

„Фондот за иновации во изминатите години се профилираше во вистински дом за микро, малите и средни компании, како и на старт-ап и спин-оф претпријатијата. Анализата на портфолиото на компании кои ги поддржува Фондот, покажува дека над 50 проценти од поддржаните проекти и компании се претежно основани од млади луѓе. Станува збор за 305 стартап компании со вкупен обем на финансирање од над 27 милиони евра, од кои повеќе од 17,3 милиони евра се кофинансирање од Фондот, а 10 милиони евра се влог на самите компани”, кажа Битиќи.

Вицепремиерот потсети дека пред неколку дена е промовиран и новиот концепт за средно образование, во кој се поттикнува стручното образование, кое станува се поинтересно за младите и поради проширувањето на концептот на дуално образование – современ концепт на едукација кој обезбедува повеќе практична обука за учениците и тоа директно во компании.

„Со новиот конкурс за учебната 2021-2022 година година ќе се отворат 97 дуални паралелки со зголемен обем на практична обука за 2.001 ученик од сегашните 11 паралелки кои се од веќе постоечки програми, а 86 паралелки се резултат на нови соработки помеѓу училиштата и компаниите и ги повикуваме младите ученици, кои излегуваат од основно училиште, при изборот на средно образование да ја имаат предвид информацијата за тоа колку одреден тип на образование нуди можности за вработување и безбедна и перспективна иднина. Дополнително треба да се знае дека има 10 кратно зголемување на стипендиите кои се доделуваат за ученици запишани во средно стручно образование. Инвестираме во образованието повеќе од претходно, затоа што сметаме дека тоа е вистинскиот пат за младите лица, но и за побрз развој на економијата. Атрактивноста на средното стручно образование дополнително ќе ја стимулираме и со обезбедување на фонд од 2.200 стипендии за ученици од прва година, во вкупна вредност од околу 60 милиони денари. Учениците кои ќе се запишат во дуална паралелка ќе добиваат месечен износ од 3.500 денари за 9 месеци во годината”, го заврши своето обраќање вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Поврзани вести

Горивата поскапуваат за половина до еден денар по литар

Берта Китинска

Стопанска комора: Недостасуваат работници кои што ќе работат во ресторани и хотели

НУК на прес со повеќе македонски здруженија пред утрешната средба во Владата

Влатко Зорба